Алергиите се обид на имунитетот за внесување драма без потреба и често предизвикуваат мизерија кај оние кои страдаат, а некогаш дури и смрт.
Постоечките лекови можат да се справат со симптомите, но навистина би било убаво ако можеше да се спречи реакцијата која го започнува целиот проблем, а една нова молекула би можел да го направи токму тоа.
Оваа синтетичка молекула, DARPin E2-79, е опишана како „светиот грал на IgE алергиските третмани“. IgE (or Immunoglobulin E) е тип на антитело кое имунитетот го создава како реакција на специфични типови на алергии. Пример, ако страдате од алергија на мачки, вашето тело создава големи количини на IgE специфичен за мачки.
Вистинскиот проблем е комбинацијата на IgE и таканаречените mast клетки кои се одговорни за лачење на хистамини и други хемикалии кои ги предизвикуваат симпотмите на алергичен напад. DARPin E2-79 ќе создаде граница помеѓу IgE и mast клетките што ќе спречи било каква реакција.
Генерално, IgE се врзува доста силно за клетките, но истражувачите од Stanford откриле дека постои моментална слабост во таа врска па го создале DARPin E2-79 да ја искористи. Ова значи дека лекот кој ќе ја содржи оваа молекула ќа ја спречи алергиската реакција во самиот извор.
Единствениот проблем е што DARPin E2-79 е, за жал, доста комплицирана молекула која е скапа за производство. Но постои надеж дека сега откако оваа слабост е идентификувана ќе може да биде создаден поедноставна и поевтина молекула која ќе биде подостапна и полесна за претварање во лек што би значело крај на алергиите. [Mechanism found for destruction of key allergy-inducing complexes, researchers say]