Синер со Медведев, Алкараз со Пол во четвртфиналето на Вимблдон


Јаник Синер и Данил Медведев и Карлос Алкараз и Томи Пол ги формираат четвртфиналните двојки во горниот дел од жрепката на тенискиот турнир Вимблдон.

Во моментов тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, за два часа и девет минути игра го победи Американецот Бен Шелтон (АТП – 14.) со 6-2, 6-4, 7-6 (9) и избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон трета година по ред.

За разлика од него, Русинот Данил Медведев не се ни препоти за своето второ последователно четвртфинале во „Ол Ингланд клубот“, бидејќи Бугаринот Григор Димитров во шестиот натпревар се лизна и ги повреди препоните. Тој остана на теренот уште два гема, а кога Медведев водеше со 5-3 заклучи дека нема што да бара на овој меч и дека може само да ја влоши повредата.

Медведев и Синер ќе се сретнат по 12-ти пат. Интересно, тоа ќе биде нивниот прв натпревар на која и подлога освен на тврда. Русинот беше доминантен првите шест меча и излезе како победник сите шест пати, но Синер победи во нивните последни пет средби, вклучително и победата во пет сета во финалето на овогодинешниот Австралија Опен, кога Русинот пропушти предност од два сета.

Бранителот на титулата на Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкараз го победи Французинот Иго Умбер (АТП – 16.) во четири сета (6-3, 6-4, 1-6, 7-5), а противник за полуфиналето ќе му биде Американецот Томи Пол (АТП). – 13.) кој ја оправда улогата на фаворит во мечот со Шпанецот Роберто Баутиста Агут и го совлада со 6-2, 7-6 (3), 6-2.

За Пол ова ќе биде само второ четвртфинале на Грен слем турнирите, а прво откако лани стигна до полуфиналето на Австралија Опен. Тој беше успешен против Алкараз на тврда подлога и го победи две години по ред (2022, 2023) на канадскиот Мастерс 1000 турнир, додека Шпанецот беше поуспешен на Мастерсите во Мајами и во Синсинати (2023).

- Реклама -