Симсон: ЕУ не е заинтересирана да го продолжи договорот за транзит на руски гас преку Украина

Европската унија не е заинтересирана за продолжување на договорот за транзит на руски гас преку Украина, изјави денеска европската комесарка за енергетика, Кадри Симсон на состанокот на комисијата на Европскиот парламент.

„Не сме заинтересирани за продолжување на трилатералниот договор за транзит на гас со Русија кој истекува на крајот на оваа година“, рече Симсон.

Таа изјави дека има алтернативни решенија за снабдување на земјите од ЕУ кои се уште добиваат гас преку Украина. Европа во моментов добива околу 12 милијарди кубни метри руски гас годишно преку Украина. Пред почетокот на војната во Украина, Русија преку оваа рута ја снабдуваше Европа со 155 милијарди кубни метри гас.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Аналитичарите сметаат дека раскинувањето на договорот за транзит на руски гас преку Украина може да доведе до благо поскапување на европскиот гас, но нема да ја загрози севкупната енергетска безбедност на Европа.

- Реклама -