За разлика од остатокот на светот, каде таксињата обично се жолти и црни, такси автомобилите во Бангкок се достапни во целосен асортиман на бои. Тие се розови, портокалови, виолетови, зелени, жолти, како и во разни комбинации.
И додека бојата на таксито во другите земји не значи нешто особено, во Бангкок такси автомобилите се всушност кодирани.
Таксиња има во изобилство во Бангкок, па можете да изберете каква боја ви се допаѓа, но жолто-зелените автомобили се сметаат за најдобри, бидејќи се управувани од самите сопственици.
Бојата на транспорт во Бангкок не се ограничува само со таксистите. Автобусите се исто така обоени во различни бои, со тоа што секоја боја значи различен пат, сопственост, како и покажува дали автобусот има клима или не.
Неклиматизираните автобуси се обоени со црвена боја и крем. Тие се управувани од Bangkok Mass Transit Authority (BMTA) и се најевтини автобуси во градот. Сино-белите се исто така без клима, но тука билетите се малку поскапи. Климатизираниот градски превоз е во крем-сина боја и е малку поудобен. Најновите, со клима уред, се жолто-портокаловите автобуси. Пурпурните или црвено обоени автобуси се во приватна сопственост и му нудат алтернативен автобуски превоз на населението. Тие се климатизирани, имаат фиксна тарифа, без оглед на поминатото растојание и запираат, само ако се уште има слободни места, така што секој патник има гарантирано место за седење.
Манијата за бои во Бангкок ги надминува таксистите и автобусите. Тајланѓаните имаат различни бои за секој ден од неделата. Недела е црвена, понеделник е жолта, вторник е розова, среда е зелена во текот на денот и сива навечер, четврток е портокалова, петок е сина, а сабота е виолетова. Овие бои се сметаат за среќни.
Дури и политиката во Тајланд е ориентирана по боја. До неодамна беше вообичаена глетка луѓето да носат жолти маици во понеделник и сини кошули во петокот во чест на својот крал и кралица, кои соодветно се родени во понеделник и петок.