Симнат од авион поради глупава шега на Snapchat

21-годишен патник на Џет Ервејс, на потешкиот начин научи дека тероризам не е тема на која треба да се шегувате додека сте во авион. Прво – затоа што со 99% веројатност шегата во таков контекст ќе биде глупава, а второ – затоа што секогаш ќе се најде друг доволно параноичен патник за да ве пријави.

Имено, симнатиов патник го покрил лицето со шал и таквото селфи го објавил на друштвената мрежа Snapchat со зборовите:

„Терорист во авионот, уништувам женски срца“.

Друг патник – извесен Бенџамин Плакет, наводно го видел тоа и ги алармирал пилотите.

Шегаџијата бил симнат од летот на релација од Калкута до Мумбаи и бил пратен на полициско испрашување.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

 

- Реклама -