Силно мало мече (видео)

мечеНикој не би посакал да се сретне со црна мечка среде ноќ, но од друга страна оваа мечка најверојатно не беше расположена за средба со полициски автомобил. Заменикот Џејсон Харви привршувал со својата здодевна патрола, возејќи по автопатот кој минува по Сингал планината во Секуатачи Округот во Тенеси.

Одненадеш, на патот се појавила млада црна мечка. Камерата поставена во автомобилот на заменикот Харви го снимила целиот настан: мечето било удрено од позади. Шерифот Хичкок изјавил: „Го турнал неколку метри по патот.“ Но откако мечето ја повратило својата рамнотежа тоа скокнало, навидум неповредено и побегнало назад во шумата.

Шерифот верува дека мечето било упатено кон блиските куќи во обид да најде храна. Тој вели дека ова било трета ваква средба за локалното население оваа сезона. „Пред околу три недели, една мечка дојде во дворот на мојот внук. Најдобриот начин за луѓето да не мора да се грижат за вакви појави е да не оставаат храна каде што мечките ќе имаат пристап до неа.“

Прочитајте и:  Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

{youtube}ddUYUecmllU{/youtube}

- Реклама -