Силјановска: Законот за легализација на дивоградби е феномен непознат во меѓународното право

Гордана Силјановска Давкова, универзитетска професорка по уставно право и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, чиј глас беше еден од петте „против“ Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, а кој јавноста го доживеа како казна за граѓаните што ги почитуваат законите, посочува дека нема друг ваков пример во меѓународното право.

„Како професор кој цел живот предава и учи за почитување на правната држава и спроведување на правото, не може да гласам за легализација на незаконски акти.

Свесна сум дека има различни случаи на објекти, но сепак сметам дека не смее да се донесе закон кој легализира дивоградби.

Законот е директен атак врз моменталното урбанистичко и просторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно право. Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за републиката и за локалните власти“, посочува Силјановска.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

- Реклама -