Сигурно не знаете за што сè можете да го користите лукот

Освен за готвење, лукот може да биде користен за уште неколку работи. Ќе бидете воодушевени за што сè е добар.

Користете го како пестицид во градината

Избегнувајте користење на комерцијални и штетни пестициди и одлучете се за природен „направи сам“ метод со лук. Брзо и едноставно за правење, економично и не е штетно за околината. Исецкајте неколку чешниња лук, ставете ги на дното на стаклен сад и ставете зовриена вода. Поклопете го садот и оставете да отстои преку ноќ. Следниот ден прецедете го лукот, а течноста ставете ја во спреј и попрскајте ги растенијата кои сте мислеле да ги прскате со пестициди.

Лукот како лепак

Верувале или не, сокот од лук може да ви послужи како сретство за лепак за различни нешта.

Лукот ги брка комарците и другите инсекти

Можете да протриете лук на вашата кожа и да ги истерате досадните комарци, но и сè останато околу вас, а ни вас нема да ви биде удобно, но од друга страна не е удобно ни кога сакате да спиете, а комарците не ви даваат мир. Тоа е еден од начините за одбрана од комарци. Вториот е неколку чешниња лук да ги ставите на неколку места од каде комарците можат да влезат во просторијата.

Дезинфекциско средтство за чистење

Исецкајте три до четири чешниња лук и измешајте ги со бел оцет. Додајте неколку капки масло од лимон и течноста ставете ја во прскалка. Така имате домашно направено средство за дезинфекција.

- Реклама -