Сидорф нов тренер на Милан, Малдини директор?

Денешните броеви на италијанските весници пишуваат дека Кларенс Сидорф би можел да биде новиот тренер на Милан, а легендата Паоло Малдини би се вратил во клубот и би добил директорска функција.

Денешните броеви на италијанските весници пишуваат дека Кларенс Сидорф би можел да биде новиот тренер на Милан, а легендата Паоло Малдини би се вратил во клубот и би добил директорска функција.

Интересни шпекулации пристигнуваат од најголемите италијански спортски весници, речиси сите објавуваат дека Кларенс Сидорф има реални шанси да стане новиот тренер на Милан.

Алегри најверојатно ќе продолжи во Рома, а претседателот на Милан, Силвио Берлускони сака Сидорф да биде новиот тренер на неговиот тим.

Минатото лето 37-годишниот фудбалер го напушти Сан Сиро по 10 години поминати во клубот.

Сидорф како прв тренер на Милан, може да биде интересна, но и ризична одлука со оглед на тоа дека за искусниот играч ова би било прво тренерско искуство.

Со мислењето на Берлускони не се согласува Адриано Галијани, тој верува дека Марко ван Бастен би бил идеалниот човек за наследник на Алегри.

Во пакет со информацијата за Сидорф, италијанските медиуми пишуваат и за враќање на Паоло Малдини во Милан.

Откако ја заврши фудбалската кариера, Малдини не беше во најдобри односи со раководството на Милан, но недоразбирањата се надминати и клубот планира да му понуди директорска функција на легендарниот бек.

Во текот на денешниот ден Масимо Алегри ќе има состанок со Силвио Берлускони по кој се очекува да биде потврдено дека стратегот ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Рома.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -