Сибиха побара од НАТО уште 20 системи за противвоздушна одбрана

Украина побара од НАТО испорака на уште 20 системи за противвоздушна одбрана заради подобра заштита од руски воздушни напади, изјави денеска  украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, јави ДПА.

-Украинскиот енергетски систем треба да биде подобро заштитен оваа зима, рече Сибиха на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел.

„Украина бара итно снабдување со уште 20 системи за противвоздушна одбрана, како ’Hawk“, НАСАМС и Ирис-T, за да се избегне затемнување“, рече Сибиха.

Во последниве месеци, Русија воздушните напади ги користи за оневозможување или оштетување на многу украински електрани и трафостаници, потсети ДПА.

Прочитајте и:  Украински разузнавач: На Русите во Украина им се приклучија 2.000 севернокореjски војници, ги кријат што е можно повеќе
- Реклама -