Почнувајќи од трошоците за сместувањето, книгите, храната, сметките, технологијата – да се биде студент од друг град, не е едноставно.
25 годишниот Џоел Вебер, бил на прагот да го остави образованието поради преголемите трошоци, но подоцна пронашол решение.
Тој ги обиколи медиумите низ светот благодарение на куќата што ја изградил сам, и им послужи како пример на многу студенти што имаат проблеми со скапото и непријатно сместување.
Вебер ја дизајнирал куќата за 20.000 долари
Тој имал заштедено за потребните материјали, но исто така и се позајмил од неговите роднини и пријатели
Куќата има две мали „соби“
Во моментов нема тоалет, но тоа е следната задача на неговата листа
Интересен е и дизајнот на полицата што ја направил самиот
Но, најдобриот дел е избегнатиот долг. Џоел проценува дека малата куќа ќе му спаси над $ 19.000 годишно, додека ги завршува студиите. Тој, исто така, планира да ја зголеми одржливоста на неговиот дом со додавање на соларни панели во блиска иднина.
Откако ќе заврши со факултетот, Џоел планира да живее во својата мала куќа, онаму каде што ќе има потреба од тоа.