Си изградил лифт до шести, специјално за зетот

Му се смачило на човекот да го слуша домазетот како се жали колку му е тешко да се качува по скали до шести, па Кинезов земал и си направил лифт.

Ксонг живее во станот со децении, и никогаш не му поминало низ глава да се пожали што нема лифт. Но откако ќерка му му донела зет, секојдневно му ги слуша поплаките за тоа колку е исцрпен што секој ден до шести мора да се качува пеш.

Да го избркал од станот, ќе морал да се соочи со ќерка му. Вака, му останала една опција – приватен лифт. Изградбата почнала минатата година, а лифтот е комплетиран пред некој месец. Понатаму приказната се одвива како што можете да претпоставите.

Стакленото „окно“ почнува да привлекува сé повеќе внимание меѓу минувачите. Набрзо сторијата ќе се најде и на социјалните мрежи, каде брзо станува вирална. Стигнува и до бирото за урбано планирање…

Зградата е изградена пред многу декади, кога регулативите не наложувале лифтови. Затоа локалните власти им дозволуваат на станарите да си изградат лифт, но претходно мораат да добијат дозвола од бирото за урбано планирање. Ксонг таква дозвола нема, па во моментот лифтот е под истрага и се решава дали ќе биде срушен.

Значи, не само што Ксонг ризикува да му пропадне инвестицијата, а можеби и дополнителна казна, туку наскоро веројатно пак ќе мора да го трпи кукањето на зетот.

https://youtu.be/-11zPBbK21c

- Реклама -