Сме пишувале и порано, ама и без тоа претпоставувате – најбогатите милијардери, особено од IT и финансискиот сектор, активно се подготвуваат за евентуалната претстојна апокалипса (вие не би?). Во огромна мера, тоа значи бегање под земја, во подземни бункери. Шведска некако нé потсети на нив.
Шведска има 10 милиони жители. Има околу 65.000 нуклеарни засолништа. Во моментов да пукне нуклеарна војна, епидемија, Армагедон, или штодае, во нив ќе можат да се скријат 7 милиони Швеѓани, т.е. над две третини од популацијата.
Е па, малку биле. Шведските власти се на мисла во следните десет години да го дуплираат бројот на нуклеарни засолништа. Проектот би требало да чини околу 500 милиони долари. Две третини од парите би заминале за изградба на нови бункери, а остатокот за адаптација на веќе постоечките.
Зошто вака? Зашто седумте милиони потенцијално спасени Швеѓани, велат, не се доволни. Треба да се има заштита за целата популација на Шведска, велат.
Што инстантно нé потсети на… ај баталете. Да не се депримираме.