Еден Кувајчанец лесно можеше да заврши во затвор, и тоа заради сопствениот папагал.
Мажот имал љубовна афера со куќната помошничка, а сопругата дознала за тоа благодарение на папагалот што почнал да ги повторува сочните реченици со кои мажот ѝ се обраќал на швалерката.
Изневерената сопруга го однела папагалот во полиција како доказ, но полицијата заклучиле дека неговото „гракање“ било неразбирливо и дека изговорените реченици можел да ги слушне и на телевизија, или на радио. Сопругата упорно тврдела дека папагалот е само потврда на нејзините долготрајни сомнежи – сопругот се вознемирувал секогаш кога ќе се вратела дома порано од работа, но сеедно, случајот е отфрлен по основ немање на доволно докази.
И добро што е така, за сопругот, бидејќи во земјите во Персискиот залив неверството е нелегално, а Кувајчанецот во случајов можеше да добие голема затворска казна.
Патем, ова не е прв пат папагал да го издаде неверството на својот сопственик. Во 2006, еден папагал ја исцинкари својата сопственичка Сузи, кога пред неа и нејзиниот дечко Крис извикал „Те сакам, Гари!“. Гари бил колегата на Сузи од работа.
Заклучокот од приказнава? Кучето, сепак, е најдобриот пријател на човекот – барем не зборува.