Швајцарец се извини што се шверцал во воз пред 50 години

2017-та година, пола век подоцна, во една локална железница во паралелниот универзум наречен Швајцарија, стигнува писмо од човек кој пред 50-тина години „од три до пет пати“ се возел шверц во еден од локалните возови. Во писмото, освен што се покајува и упатува извинување, се нуди и да си го плати долгот.

Бара од компанијата да пресмета колку им должи. Наведува дека во неколку наврати користел една иста карта по два пати, во ситуации кога кондуктерот му ја немал поништено. Сите железнички злодела ги направил на релацијата од Штетлен до Берн – 15 минути возење со воз.

Портпаролот на швајцарската железница (RBS) – Каспер Леше, одговори дека компанијата сепак нема да му ги наплати гревовите. „Ќе му пишеме писмо со одговор и ќе му се заблагодариме на чесноста по толку долго време“…

А сега извинете нé, имаме долго писмо за пишување до ЈСП.

- Реклама -