Шумахер не препознава никого и не може да се движи

Ден пред 47-от роденден на седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаил Шумахер милионите фанови на Германецот успеаа да добијат ретка, но веродостојна информација за состојбата на пилотот.

618x346

Пред Нова Година менаџерот на Михаил, Сабине Кем ги демантираше тврдењата на магазинот Bunte дека Шумахер започнал да се движи, макар и со нечија помош. Сепак, ситуацијата е многу потешка.

Според една статија во весникот Giornale “технички гледано Михаел е буден, што значи дека очите му се отворени.”

“Шумахер не може да ја препознае ситуацијата околу себе, ниту луѓето кои се околу него. Неговото семејство дури го стави пред телевизорот за време на трка од Формула 1, но и тоа не успеа да го натера да изреагира “, напиша весникот, кој важи за исклучително авторитетен и сигурен извор на вести од Формула 1.

Слична е информацијата на весникот La Gazzetta dello Sport, со тоа што според дневниот весник “Михаил не може да комуницира со околниот свет во никој случај”. Весникот тврди дека тој тежи помеѓу 45-48 килограми, но не може да се движи сам .

Сè уште информациите за состојбата на Шумахер не се потврдени од неговото семејство.

Шумахер настрада сериозно пред две години при пад на скијање во одморалиштето Мерибел. Тој помина половина година во кома, претрпе неколку сложени мозочни операции и по некое време се врати дома во Швајцарија. Последнава година сепак Кем и неговото семејство наметнаа строго ембарго на информациите за состојбата на легендарниот пилот.

- Реклама -