Што значат несвесните шкртаници до телефонот?

Што последно цртавте додека бевте занесени во телефонскиот разговор? Што е значењето на овие несвесни цртежи?

Андреа МекНикол, познат графолог, често баран за совети при американските судски случаи, сподели дел од своите сознанија за значењето на шкртаниците и нивната поврзаност со човечките карактери.

Квадрати
Тие се знак за конструктивна, корисна, практична, позитивна и делотворна личност. На ваквите личности можете да се потпрете за помош.

Коцки
Овие личности имаат способност да ги видат нештата и да пристапат на проблемите од сите можни агли.

Триаголници
Тие се знак за логичен и рационален ум. Личностите што цртаат триаголници сакаат да ги прават нештата до крај.

Бесмислени линии
Ако цртежот се состои од неповрзани линии без некоја посебна форма, значи дека авторот нема солидна потпора во животот, или пак се работи за момент на нервоза и неспокој.

Ѕвездички
Синоним за надеж, фокусирање на иднината и оптимизам.

6631564613_cb597508ba_z[1]

Кругови
Ако секогаш се стремите да нацртате совршен круг, значи дека сте пасивна личност. Од друга страна, силно сте врзани со друштвото и пријателите, сакате да се дружите со зборливи личности, кои исто така се флексибилни и сакаат да им се допаднат на другите.

Срценца
Погодивте. Срциња цртаат заљубените.

Цветови
Цветовите се женствената страна на личноста, а се поврзуваат со желбата за развој, поврзаност со природата и желба за проширување на семејството.

Лица
Ја опишуваат состојбата на вашата свест, а тоа е најочигледно кога цртате тажни или насмеани лица. Ненацртаните делови од лицето симболизираат чувство на загуба и недостаток (од нешто).

Дрво
Симбол на нашето его и амбиција. Особено се важни гранките. Ако се голи и свенати, може да значат депресија и недостиг од борбеност.

Стрели и стрелки
Или со други зборови – порив, амбиција и мотив за успех.

- Реклама -