Што всушност значи „Океј“

c33a7620-1111-0133-f4e9-0e18518aac2f[1]

Кога некој би фатил да брои колку пати дневно го употребуваме изразот океј, тоа сигурно би била фасцинантна бројка. „Ок“ е еден вид кратенка за „сé е во ред“ и е една од ретките изрази што се генерално усвоени во полна смисла и во сите краеви на светот.

Никој не може со сигурност да зборува за потеклото на терминот, но постојат неколку теории. Се смета дека првата пишана употреба на Океј се јавува во саботното издание на весникот Boston Morning Post од 23 март 1839 година.

Се работи за пасусот:

The „Chairman of the Committee on Charity Lecture Bells,” is one of the deputation, and perhaps if he should return to Boston, via Providence, he of the Journal, and his train-band, would have his “contribution box,” et ceteras, o.k. -all correct – and cause the corks to fly, like sparks, upward…

… во кој океј се користи како синоним за „all correct“ (прев: сите точни, сé во ред), што е сосема во согласност со тогашните лингвистички трендови.

Океј веднаш „му легнува“ на народот и го почнува својот поход за освојување на планетата. 

Постојат и други теории за потеклото на терминот. Некои веруваат дека е измислен од страна на американската армија како кратенка за „know order“. Тоа е типична наредба користена од армијата, но оваа теорија е без вистинска основа.

Првото објаснување, се чини, е поокеј.

- Реклама -