Што ви прави првата утринска цигара?

На оние кои палат цигара веднаш штом се разбудат на, како што се вели, гладно срце, им се заканува најголем ризик од рак на белите дробови и усната шуплина.

Американските научници неодамна спроведоа истражување во кое учествувале 2 000 пушачи.Им биле земени примероци од крвта, а сите испитаници пополниле анкета во која им биле поставувани разни прашања за нивниот начин на живот и навиките за пушење.

Отров од наутро

r-MORNING-SMOKING-large570

Резултатите покажале дека дури 32 отсто од луѓето секое утро првата цигара ја палат во првите пет минути по будењето, 31 отсто го прават тоа шест до 30 минути откако отвораат очи, а 18 отсто од пушачите задолжително пушат со првото кафе, половина час по станувањето од кревет. Само 19 отсто од нив чекаат барем еден час пред да ја запалат првата цигара.

Испитаниците кои го прават тоа штом отворат очи имале највисоко ниво на нуспродукти од отровните материјали од цигарите, во однос на оние кои не пушеле во првите 30 минути.

shutterstock_62611207

Научниците предупредуваат дека тие имаат најголеми шанси за заболување од рак на белите дробови и усната шуплина.

Ако веќе не можете без цигара, наутро пред да ја запалите првата изедете нешто и дозволете му на организмот да се разбуди. Наутро на телото енергијата му е најважна, затоа треба да му овозможите здрав и нормален почеток на денот, а не отров од раните утрински часови.

- Реклама -