Што треба да знаете при избор на веб камера

Повеќе...

Се почеста е комуникацијата преку веб камери, технички совршени според потребите на корисниците. На пазарот ги има во огромен број од различни фирми и модели, а цената им се движи од 15 до преку 100 евра. Сепак при изборот треба да се води сметка и за основните карактеристики…


cartoon-web-camera.jpg

Острина! Квалитетот на леќата е најважна карактеристика од која, во голема мера зависи острината на сликата. Стаклените леќи даваат подобра слика од пластичните. За најквалитетни важат оние на Carl Zeiss.

Резолуција – бројот на хоризонтални и вертикални пиксели, односно точки! Поголем број од камерите имаат резолуција од 640х480 пиксели или повеќе, односно VGA квалитет. Постојат камери и со помала резолуција, но во денешно време има производители кои нудат и HD резолуција, 960х720 пиксели. Број на слики во секунда (fps)! Поголем број – поквалитетна слика. Оние на пазарот обично имаат 30fps.

Автоматски фокус! Некои модели поседуваат автофокус, а им служи за изоштрување на предметот. Оваа технологијата овозможува и додатно фокусирање на сликата кога предметот се поместува, без потреба од рачно поместување.

Микрофон! Скоро сите камери имаат вграден микрофон, нели за поудобна видео-конекција.
Монтирањето на веб камерите со компјутерот може да биде преку сериски и паралелен порт, Firewire приклучок или преку картичка (PCI, AGP). Меѓутоа најзастапени се оние кои се спојуваат на USB порт. Тука предност имаат т.н. Plug and Play камери кои само се приклучуваат и работат и не е потребно додатно инсталирање. За останатите кои поседуваат понапредни функции потребно е и софтверско инсталирање.

Приказот на бојата се мери во битови и колку повеќе битови има на еден пиксел толку и бојата ќе биде поинтензивна и поживописна. На пример приказот на боја од 24 бита значи 16,7 милиони бои.

Во врска со поставувањето на камерата еве неколку совети: сместете ја камерата така што го снима вашиот најдобар изглед, односно малку погоре од висината на очите, а осветлувањето на просторијата мора да биде добро затоа што од него зависи квалитетот на сликата. Главниот извор на светлина не треба да се наоѓа позади корисникот за да лицето не биде во сенка. Водете сметка и за оддалеченоста на камерата од звучникот за да не дојде до ехо.

kamera-1.jpg

QuickCam Communicate STX 
Производител: Logitech 
Резолуција: видео 640×480 пиксели
Број на слики во секунда: 30 fps 
Приказ на боја: 16-битен 
Порт: USB 2.0 
ОС: Win XP, Win Vista 
Вграден микрофон и автоматско фокусирање
RightLight 2 технологија за подесување на слика
RightSound за исправување на звукот
Цена: околу 40 евра

асд
Canyon WCAM313 
Производител: Canon 
Резолуција: 640 x 480 до 1.280×960 пиксели
Порт: USB 2.0 
Број на слики во секунда: 30 fps 
Фокус: од 3cm – бесконечно
Video-phone Tech 
Висококвалитетно метално куќиште
1 x 10 дигитален зум
14 ефекти за слика
Plug-and-Play 
Брза компресија
Автоматска контрола за експозиција
Автоматска контрола на светлост
Авоматска корекција на бојата
Фокус со подесување
Цена: околу 25 евра

kamera-3.jpg

QuickCam Pro for Notebooks
Производител: Logitech 
Резолуција: видео1.600×1.200 
Леќа: Carl Zeiss 
Број на слики во секунда: 30 fps 
Боја: 24-битна, 16,7 милиони бои
Порт: USB 2.0 
ОС: Win XP, Win Vista 
Вграден микрофон
Автоматско фокусирање
RightLight 2 технологија за подесување на слика
RightSound за исправување на звукот
Интересни додатоци како 3Д аватари, додатоци за лице (шешир, бркови)
Цена: 95 евра

- Реклама -