Ако некој вее знаме со Сонцето од Кутлеш, мора да е националист и да сонува за „Чиста Македонија“. Ако некој вее двоглав орел, мора автоматски да се чувствува како странец во државава во која се родил и да сонува за „Голема Албанија“… Така барем нѐ учеа политичарите и нивните подлизурковци изминативе 30 години.
Европското првенство во фудбал, меѓутоа, нанесе сериозен удар и е на пат – со само една победа на Македонија, борбен настап, гол – да ги сруши сите тие обиди и да го бетонира она што обичниот народ одамна го знае и живее, а го покажаа токму фудбалерите од македонската репрезентација. Оваа фотографија на „sport1.mk“ дефинитивно ќе ни остане една од омилените од целата оваа (како што ја нарече селекторот Ангеловски) бајка, бидејќи покажува дека во суштина сѐ што сите ние сакаме е заедништво и успех, а особено заеднички успех!
„sport1.mk“ упатија своја порака до политичарите. Прочитајте ТУКА.