Што се случува со вашето тело кога ќе престанете со пушењето?

Веројатно многу луѓе ги знаат опасностите од пушењето, но не се откажуваат од оваа навика, бидејќи тие избираат повеќе да уживаат во цигарите, отколку што се грижат за своето здравје.

И можеби, во поголемиот дел од времето не сакаат да ја знаат вистината за пушењето како причина за сериозни болести. Ако не се грижите однапред за вашето здравје во подоцните години, барем осигурајте ја вашата блиска иднина. Погледнете ги позитивните промени кои ќе се случат ако престанете да пушите. Престанете и видете самите.

За 20 минути вашиот крвен притисок ќе се симне во нормала.

За 8 часа нивото на јаглерод моноксид (отровен гас) во вашата крв ќе се намали за половина, а нивото на кислород ќе се врати во нормала.

За 48 часа шансите за добивање на срцев удар ќе се намалат. Целото ниво на никотин ќе излезе од вашето тело и чувството на мирис и вкус ќе се зголеми.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

За 72 часа, вашите дишни патишта ќе се релаксираат и нивото на енергија ќе се зголеми.

За две недели циркулацијата на крвта ќе се зголеми и ќе продолжи да се подобрува во следните 10 недели.

За 3-9 месеци, кашлањето, тешкото дишење и целокупните респираторни проблеми ќе се намалат како резултат на зголемениот капацитет на вашите бели дробови за 10%.

За 1 година ризикот да доживеете срцев удар ќе се намали двојно.

За 10 години шансите за развој на рак од бели дробови станува ист како за непушачите.

За 15 години ќе имате еднаков ризик да доживеете срцев удар, како и секој непушач.

- Реклама -