Чудна работа ова модава. Ја следиш во чекор и мислиш дека изгледаш добро, а да направиш мала ретроспектива има да им се изнасмееш на пола модни избори на генерациите пред тебе. Е па, како всушност знаеш дека и ти не си смешен? Не знаеш, особено кога ќе имаш деца да ти се смеат на старите слики, што е загарантирано.
Туку темата беше друго… Во ова супер видео на Mode, направена е хронолошка модна ретроспектива на тоа како изгледаа модерните човечки глави низ декадите на 20-от век, почнувајќи од шминката и фризурата, па до моделите на шапки што се носеа.
Којзнае какво ќе биде следното видео, за 100 години…