Годишно, Путин заработува 118.531 евро (нешто помалку од 9 милиони рубљи), стои во имотна карта на рускиот претседател.
Документот го објави Кремљ, а во него се гледа дека платата на Путин е зголемена за 16.000 евра во однос на 2014 година.
Покрај годишната плата, рускиот претседател поседува и стан од 77 метри квадратни, гаража од 18 м2 и парцела од 1.500 м2.
Наведено и дека покрај имотот во негова сопственост, Путин користи и стан од 153 м2 и уште една гаража од 18 м2, кои не се во негова сопственост.
Што се однесува до возниот парк, тој е сопственик на три автомобила: две „Волги“ GAZ M21 (олдтајмери) и една „Лада Нива“. Има и авто-приколка марка „скиф“.
Сé на сé, скромно.