Што сакаат жените (кај еден маж)

­

­

Што бара жената кај еден маж, оригинална листа (возраст 24):

1. Да биде убав. 

2. Да биде привлечен.

3. Финансиски обезбеден.

4. Внимателно да ја слуша.

5. Духовит.

6. Во добра форма.

7. Да има добар стил на облекување.

8. Да има добар вкус за убави нешта.

9. Полн со пријатни изненадувања.

10. Романтичен љубовник.

***

Што бара жената кај еден маж, преработена листа (возраст 32):

1. Добар изглед, по можност со коса.

2. Ја отвора вратата на автомобилот за да влезеш,  ти го држи столот при седнување на маса.

3. Има доволно пари за пријатна вечера.

4. Повеќе слуша, помалку зборува.

5. Се смее на твоите шеги.

6. Лесно ги носи кесите од пазар.

7. Поседува барем една вратоврска.

8. Ја пофалува добро подготвената вечера.

9. Се сеќава на родендени и годишнини.

10. Сака романтика барем еднаш неделно.

***

Што бара жената кај еден маж, преработена листа (возраст 42);

1. Да не е многу грд – ќелав е ОК.

2. Не тргнува пред да се качиш во автомобилот.

3. Има сигурна работа.

4. Клима со главата кога му зборуваш. 

5. Обично го сфаќа смешниот дел во вицовите.

6. Во доволно добра форма е за да го премести мебелот.

7. Носи маица што му го покрива стомакот.

8. Не срка директно од тенџере.

9. Не заборава да го спушти капакот на вц шолјата на излегување.

10. Се бричи барем еднаш неделно.

***

Што бара жената кај еден маж, преработена листа (возраст 52):

1. Влакната во носот и ушите ги чува уредни.

2. Не ждрига и не се чеша на несоодветни места кога е пред луѓе.

3. Не зема пари на заем премногу често.

4. Не заспива додека му зборуваш.

5. Не повторува еден ист виц по сто пати.

6. Во доволно добра форма е за преку викенд да стане од каучот.

7. Обично носи две соодветни чорапи и чиста долна облека.

8. Ја пофалува добрата вечера, некогаш и кога е пред телевизор.

9. Понекогаш се сеќава на твоето име.

10. Некои викенди се бричи.

***

Што бара жената кај еден маж, преработена листа (возраст 62):

1. Не плаши мали деца.

2. Памти каде е тоалетот.

3. Не троши многу пари за лекови – лесен е за издржување.

4. Кога спие ‘рчи само малку.

5. Знае зошто се смее.

6. Во доволно добра форма е за да се исправи сам.

7. Обично носи и друга облека освен гаќи.

8. Му се допаѓа мека храна.

9. Памти каде си ги оставил забите.

10. Знае кога е викенд.

***

Што бара жената кај еден маж, преработена листа (возраст 72):

1. Диши.

2. Користи тоалет.

- Реклама -