Што сѐ ќе добие Мис универзум?

„Мис Данска“ Викторија Ќер Тејлвиг ја освои титулата „Мис универзум“, и тоа, вообичаено, ќе ѝ донесе бројни придобивки. Имено, следнава година, за годишна плата од 250.000 долари, таа ќе биде и ангажирана да работи, т.е. – да се појавува на разни настани низ светот.

„Мис универзум“ е престижен натпревар што ги собира избраните најубави жени во повеќе од 90 земји… Но, не е сѐ во тоа победничката да биде „најубава“, туку и да покаже интелигенција, визија за доброто на општеството, како и став на сцената, за да заслужи светска слава. А пак, полниот распоред содржи настани што поддржуваат социјално-хуманитарни цели, на коишто таа и ќе говори за важни теми ширум светот.

Покрај тоа, новата светска кралица на убавината добива луксузен апартман во Њујорк и покриени патни трошоци за сите дејности поврзани со „Мис универзум“. Нејзината круна „тијара“, пак, обложена со речиси илјада дијаманти и сафири, чини 5,5 милиони долари. Називот на познатата круна е „Force for Good“, што се толкува како „Моќ за добро“, но и „Моќ засекогаш“.

Исто така, победата на светскиот натпревар ѝ носи на Ќер пристап до нови професионални можности, во областа на манекенството, глумата, општествениот активизам, како дел од придобивките од титулата. Според сѐ, се чини, сепак, општествено најзначајни се настаните за добротворни цели.

- Реклама -