Една студија посветена на неверството во бракот покажа дека жените почесто ги изневеруваат мажите со поголеми пениси.
Стравот и загриженоста на машкиот пол околу големината на половиот орган ги инспирирал научниците да се фокусираат на врската помеѓу големината и шансите мажот да биде изневерен. Резултатот, како што прочитавте, е изненадувачки.
Не само што жените не ги обожаваат големите пениси како што се претпоставува, туку и почесто изневеруваат кога нивниот партнер е малку повеќе надарен. Како причина, научниците го наведуваат фактот што поголемиот пенис значи и поголема сексуална непријатност. Една од испитаничките објаснува: „Некои пениси се големи, но мојата вагина е мала, па кога доаѓа до секс, толку многу боли, што морам да барам партнер со помал пенис, за да можам да уживам во сексот“.
Од резултатите може да се извлече еден главен заклучок, а тоа е дека главна причина за женското неверство е незадоволителниот сексуален живот. Во таа категорија спаѓа и кога не и се допушта да ужива во нејзината омилена позиција, како и семејното насилство.
Така, за да имате мирен сон, погрижете се таа да има задоволителен секс.