Според експертите освен сите други фактори, како компатибилност на карактерите, знаците и имињата, датумот на првата средба исто така игра голема улога за иднината на една врска.
За да дознаете каква ќе се развива истата – успешна или целосен неуспех, само треба да се сетите кога сте ја запознале и да ги следите описите подолу.
Ако првата средба била во периодот меѓу 23.12-20.01. , вашиот заштитник е знакот Јарец. Затоа не би било чудно ако врската ви се развива премногу бавно и долго време ги криете чувствата. И од двете страни може да има резерви и стравувања. Ако некој од вас сепак успее да ги урне ѕидовите, речиси сигурно е дека тоа ќе ја измести рамнотежата само во позитивна насока.
Ако сте се сретнале во периодот меѓу 21.01-18.02., заштитник на вашата чудна и неразбрана од околните врска е Водолија. Генерално ова ќе биде една мирна и хармонична љубов помеѓу двајца интелигентни луѓе кои ја ценат меѓусебната слобода. Но, таа може да биде и доста тешка за оној кој се приврзува и очекува премногу.
Периодот 19.02-20.03. Ваш водич е знакот Риби. Постои опасност првите месеци од врската да преминат во ситна плетенка и прилагодување на вашиот карактер. Ако успее да се справите со тешкотиите и го проголтате егото, тогаш оваа врска има шанса да прерасне во нешто многу силно.
Периодот 21.03-20.04. Заштитник – Овен. Доста суптилен месец. Освен љубов на прв поглед, следуваат расправии, навреди, нестабилност на односите. Овие врски често се распаѓаат.
Обично врските што почнуваат во периодот на Бик (21.04-21.05.) се трајни и хармонични.
Период 22.05-21.06. Близнаците и носат на вашата врска големи караници, придружени со постојано разјаснување на односите. Подгответе се за една доста бурна љубов која сепак може да ве изгори и вас и вашиот партнер премногу брзо.
Период 22.06-22.07. Најдобар месец за започнување на врска, под крилото на знакот Рак. Душите ви се дополнуваат во интуитивно пребарување и дополнување на потребите што ги имате еден со друг.
Во периодот 23.07-22.08. владее доминантниот Лав, врските често се здрави, сплотени и прераснуваат во брак.
Период 23.08-23.09. Заштитник е знакот Девица. Ве очекуваат расправии за мали нешта кои сепак често се и причина за распад на врската.
Период 24.09-23.10. Заштитник е знакот Вага. Врската ќе цели кон побрзо постигнување на висок општествен статус, со тоа што има тенденции да се води двоен живот. Сепак, односите се многу силни.
Во периодот помеѓу 24.10-22.11 владее знакот на Скорпија, љубовта се случува многу брзо и е проследена со многу страст, љубомора и генерално бура од емоции.
Период 23.11-22.12. Стрелецот навестува присуството на силни чувства и потреба од здобивање со потомство.