Положбата во која спиете може да го открие вашиот карактер. Научниците ги анализираа шесте најчести позиции во кои луѓето спијат и открија дека секоја од нив е поврзана со посебен тип на личност.
Положбата во која спиете може да го открие вашиот карактер. Научницитеги анализираа шесте најчести позиции во кои луѓето спијат и откријадека секоја од нив е поврзана со посебен тип на личност.
Положба на фетус
Оние кои се свиткуваат во положба на фетус кога спијат се опишани како строги и жилави од надвор, но всушност од внатре се многу чувствителни личности. Ова е најчестата положба за спиење, жените дури два пати повеќе се склони кон оваа положба од мажите.
Стебло
Или положба во која се лежи на страна со двете раце покрај телото. Оние што спијат во оваа положба се опуштени, безгрижни и дружељубиви луѓе кои сакаат да бидат дел од елитата и кои имаат доверба во луѓето кои не ги познаваат, меѓутоа исто така можат да бидат и лековерни и наивни.
Со рацете пред себе
Оние што спијат на страна со двете раце испружени пред себе се вели дека се со отворена природа, но можат да бидат и сомничави и цинични. Тешко и бавно донесуваат одлуки, но кога веќе ќе го направат тоа, многу тешко се предомислуваат.
Положба – Војник
Спиењето на грб со рацете испружени покрај телото открива дека личноста генерално е тивка и резервирана. Не сакаат многу врева и си поставуваат на себеси и на другите високи стандарди.
Слободен паѓач
Оние што спијат на стомак со рацете околу перницата и главата свртена на страна се често дружељубиви и наметливи, но можат да бидат и дрски и напнати, не прифаќаат лесно критика и не сакаат екстремни ситуации.
Морска ѕвезда
Спијачите кои лежат на грб со двете раце околу перницата се добри пријатели бидејќи тие се секогаш спремни да ги ислушаат другите и да понудат помош кога е потребно. Генерално, не сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Истражувачите, исто така, го испитуваа ефектот на различните спијачки позиции врз здравјето. Така, заклучија дека позицијата на Слободниот паѓач е добра за дигестивниот систем, додека Морската ѕвезда и Војник се позиции во кои намногу се ‘рчи и лошо се спие. Истражувањето покажа дека повеќето луѓе најчесто не ја менуваат положбата за спиење, само 5% од нив кажале дека спијат во различна позиција секоја вечер.