Ако значително време немате секс, било да е поради раскинување, период на „суша“ или штознам, постите, телото може да доживее одредени промени.
Нормално, сите тела се различни, луѓето имаат различен сексуален нагон и различни потреби. Но сепак, постојат генерални споредни ефекти од немањето (или имањето малку) секс, а за жал, најмногу ги има кај кај жените.
• За почеток, може да се почувствувате тажни.
Сексот се фокусира на физичкиот контакт, па ако тоа не го добивате редовно, може да се почнете да се чувствувате „тапа“.
Сари Купер – секс терапевт, објаснува:
„Кога луѓето имаат секс, тоа подразбира контакт кожа-на-кожа, а таквиот контакт е основен за нас начин на смирување и утеха (уште како бебиња од нашите мајки).
Сексуалната конекција им овозможува куп кожа-на-кожа контакт при милувањето и допирите, и помага да се регулира расположението на партнерите – генерално преку ослободувањето на ‘фил гуд’ хормонот окситоцин“.
• Вагиналниот ѕид кај жените може да ослаби.
Главно кај жените кои минуваат низ менопауза, намалувањето на количината на секс доведува до истенчување на ѕидовите на вагината, што може да доведе до болка при секс.
• Помалку „подмачкување“ таму доле.
Намалувањето на нивото на естрогенот може да доведе до потешкотии при самолубрикацијата на вагината.
• Менструални болки.
Имањето секс за време на менструалниот циклус ги намалува менструалните грчеви. Имањето помалку секс може да значи повеќе болни грчеви.
• Зголемување на нивото на стрес.
Имањето секс го намалува стресот. Ако веќе имате секс и така сте го намалувале стресот, ненадејното престанување може да придонесе за повисоко ниво на стрес од порано.
• ДОБРАТА СТРАНА: Најголем дел од уринарните инфекции жените ги добиваат преку сексот. Немање или помалку секс значи и помалку инфекции.