Македонија – Германија, 11 секунди пред крајот, а резултатот е 25-25. Стојанче Стоилов „промашува“ гол за победа. Македонија мораше да се брани, а тоа и го направи – на крајот освои бод.
Додека непосредно по мечот сите се радуваа, за Стоилов бодот не беше сладок.
„Кога ќе промашиш шут за победа, тоа реми не ти е слатко. Имав шут да го решам натпреварот, избрзав – шутнав лошо. Среќа, соиграчите ме покрија. Тој бод сега не е толку сладок. Можевме да пренесеме четири бода. Но, тоа е тоа, денес промашив, утре може ќе дадам. Таков е ракометот, тоа е спортот. Ми олесна кога промашија Германците. Ќе бев скроз трагичар. Вака колку толку ме покрија, рече Стоилов по натпреварот“, заминувајќи во соблекувалната очекувајќи критики, разочарани фаци и можеби понекој сочен другарски ремет, а којзнае уште што по социјалните мрежи.
Ама ништо од тоа. Соиграчите и фановите го разочараа. Имено, кога по натпреварот ракометарите пристигнаа во фан зоната и со навивачите заедно го прославија успехот во Загреб, Стоилов објасни како го тешеле:
„Влегувам тука и се чувствувам како да дадов гол а не да промашив. Сериозно, многу ми олеснувате, не слушнав ниту еден лош коментар. Им благодарам на сите во репрезентација, како мало дете ме прифатија, јас седам тажен во соблекувална, и сите ми приоѓаа и ми викаа, ајде ајде, ништо не е. И ми доаѓа Жарко Пешевски и ми вика, „абе брат, таа шраубата каква беше“, како демек плаче детето, па на лижавче. Фала ви на сите, се надевам дека ќе продолжиме со оваа игра, со оваа борбеност и во Вараждин и сакам сите таму да дојдете“.
Шраубата: