Извори блиски на истрагата за случајот Рекет во кој е уапсен Боки 13 со уште едно лице се згрозени од разговорите што ги слушале меѓу Боки 13 и рекетираниот бизнисмен, објавува Expres.mk
Изворите ги потврдуваат информациите што попладнево ги објави емисијата КОД на Телма според кои додека Боки 13 разговарал со Орце Камчев преку интерфон разговорот го следела и Катица Јанева но додаваат и уште една шокантна информација.
Јанева не само што слушала договорот за рекет туку и самата учествувала во него.
Во моменти кога рекетираниот бизнисмен имал недоверба дека Боки 13 ќе ја заврши работата за која што му барал рекет таа самата му рекла да не се грижи и дека се ќе биде во ред.
Изворите на expres.mk не можат да одговорат на прашањето зошто и покрај ваквото поведение на Јанева кое што го потврдува и КОД таа се уште не е притворена.
(истражувањето на КОД за Рекет ќе биде прикажано утре наТелма тв во 19.10 ч.)