Што можете да направите од стариот куфер?

Најверниот сопатник на секој патник – куферот – по одреден временски период остарува и се заменува со нов, помодерен, поквалитетен и посовремен.

Подарете му нов живот на вашиот стар куфер искористувајќи го како оригинален и практичен домашен аксесоар.

big_photo1733

Потребно ви е мала доза на креативност која што ќе ја најдете во фотографиите подолу, со помош на кои ќе направите мала масичка или стол, легло за вашето милениче или мини – шкаф за ситните предмети во домот.

main_image_21145

За да направите оригинален стол потребен ви е отворен куфер на кој ќе прицврстите ногарки и ќе изработите седло од мек текстил.

main_image_21192 main_image_21207

За да го искористите куферот како шкаф за чување предмети потребно е да направите неколку прегради и/или закачали во внатрешноста за поголема организираност на предметите.

main_image_21147 main_image_21148

 

Вашите миленичиња ќе ви бидат благодарни доколку им го обновите леглото, а куферот е идеален за нивната нова мини – куќичка.

main_image_21142 main_image_21188

Куферот можете да го употребите и како поставка за саксии за растенија во вашата градина.

main_image_21150 main_image_21151 main_image_21156 main_image_21204

- Реклама -