Што (и колку) е почисто: Кујнски сунѓер, или WC школка?

NSF International спроведе студија за да одреди кои места во домот содржат најмногу бактерии.

Во студијата биле опфатени 22 семејства кои биле замолени 30 дена земале брисеви од кујнските површини, мобилните телефони, кваките на вратите и сл.

По направената анализа, најмногу бактерии се најдени на помагалата за чистење – како сунѓерите и крпите за бришење садови.

Дури 75% од сунѓерите за миење садови биле контаминирани со колиформни бактерии. Освен таму, такви бактерии се најдени и во:
• 45% од кујнските одводи
• 32% од работните површини
• 18% од даските за сечење храна

Анализирани се и површините во купатилата и вецињата, а колиформни бактерии се најдени на 27% од држачите за четки за заби, и кај 9% од рачките на ормарите.

Иако повеќето колифомни бактерии не се посебно опасни, нивното присуство укажува на генералната распространетост и присуство на фекалните бактерии. Што се однесува до кујните, овие бактерии не стигнуваат таму поради контакт со човечки измет, туку преку сировото месо кое често е контаминирано со такви.

Најголем расадник за бактерии се кујнските крпи, бидејќи најчесто се влажни и мокри.

Доктор Чак Герб – професор по микробиологија на Универзитетот во Аризона, се сложува дека кујнските сунѓери и крпи се меѓу најнечистите предмети во секое домаќинство. Неговата студија покажува дека просечната даска за WC има околу 50 бактерии на квадратен инч, додека на истата таа површина, кај сунѓерите или кујнските крпи има меѓу 1-10 милиони бактерии. Со други зборови, кујнскиот сунѓер е најмалку 200.000 пати поконтаминиран од WC школката.

 

- Реклама -