Нешто ново, нешто старо, но подеднакво лудо, откачено, и без оглед на сѐ, лежерно и слободно. Вакви парчиња ќе се провлекуваат низ плакарите оваа година.
А… Азија
Од кимоно деталји и оригами набори какви што може да забележиме во новите колекции на Prada и Lanvine, до везени змејови кои ја красат новата спотска колекција на Pucci, далечниот исток покажа респектабилна моќ во модниот свет. Затоа, побарајте јакна со кимоно ракави и егзотична свила со ориентални мотиви, и нема да погрешите.
Б… Баленсиага
Alexander Wang е новото име во Balenciaga по 15-годишното владеење на Nicolas Ghesquiere. Очекувајте ја опсесијата со улична мода во луксузна форма на Wang и набавете си моторџиска јакна.
Ц… Црна кожа
Соул пејачката од осумдесеттите, Sade Adu, зад која се хитовите како „Smooth operator“, му е инспирација на Balmain за новата ликсузна пролетна колекција. Црна кожа,панталони со висок струк, па дури и потпунки.
Д… Дводелни комплети
Туники и одела со панталони се главен хит за Erdem, Mary Katrantzou и Jonathan Saunders. Понекогаш се во принтови од глава до пети, или еднобојни, но во живи бои како светло сина или розева.
Е… Елеганција
Пролетните колекции ќе издишат со елеганција од шеесетите, почнувајќи со италијанските дами од тоа време на начин на кои ги оживеа Frida Giannini. Тука е и Valentino кој со своите долги фустани ја разбуди римската префинетост.
Ф… Фетиш деталји
Не изумреле чизмите преку колена, ниту корсетите, ниту тантелата. Барем така велат од McQueen, Ninna Ricci…
Г… Gucci мокасини
Што да носите со новите панталони на Celina и Stella McCartney во машки фазон? Машки мокасини. Gucci ги оживеа после 60 години, и тоа во бои, со детали од питон…
Х… Хипи принт
Од слоевитите свилени фустани до меки разиграни парчиња со потпис на Yvesa Saint Laurent, доцните шеесети се боемска алтернатива на пролетниот минимализам. Носете весели и откачени хипи парчиња, од марами до здолништа.
И… Изгледот е што поприроден
Изгледот на „девојка од соседството“ оваа година ќе биде особено на цена. Едноставна и природна шминка, свеж изглед. Разбушавен боб ќе биде најпобаруваната фризура.
Ј… Јаки бои
Спојот на портокалова и розева и понатаму ќе биде голем хит, како и сите бои кои на прв поглед се неспојливи и меѓусебно „се тепаат“.
К… Комбинезон
Продолжува трендот на комбинезонот, од Max Mara до Oscar de la Rente. Свилените се хит, затоа за носење на вакво тренди парче ќе морате малку да почекате.
Л… Леопардски принт во облик на модни додатоци
Дивите печати се супер кул, благодарени на Christopher Kane i Kenzo. Gap повторно покажа апостолки со леопардски принтови, а Alice леопардска торба која се носи преку торзото.
М… Мандарини
Модните писти се бомбардирани од воочливи бои, од азурно сино до раскошно зелено, но портокаловата боја е повторно вистински хит. Во таа боја се панталоните и маичките на Stella McCartney.
Н… Набори
Наборите никогаш не изгледале така кул. Меки, прозрачни, во нежни пастелни бои. Balenciaga ги носи и во црна и во бела боја на фустаните.
О… Оптички илузии
Црната и белата игра на женското тело ќе биде особено атрактивна, што е всушност тренд кој е модерен веќе неколку минати сезони.
Р… Рокерски и панкерски модни додатоци
Rooney Mara ќе биде посакувано лице, очекувајте пирсинг, тетоважи, оживување на движењата на култни бендови, субверзивен стил и влијание на модата. Панкот и рокот се клучот.
С… Сладолед
Christopher Kane покажа како боите на сладоледот изгледаат на деликатни парчиња облека, а на пастелните тонови се приклонија и Givenchy и Erdem. Виолетова, мента-зелена и розева се клучни.
Т… Трудничка облека
Мајчинството никогаш не било модно освестување, туку стана хит откако Sarah Burton од модната куќа Alexander McQueen и Frida Giannini од Gucci ги претставија своите последни колекции баш за трудничка облека. Но, уште една, а и сигурно најголема причина поради што ќе не „бомбардираат“ со женска трудничка облека е тоа што Kate Middleton е трудна!
У… Урбан стил
Модерни парчиња од ланецот на улична мода и понатаму слободно комбинирајте ги со фармерки за дневен, а со кожено здолниште за вечерен изглед. Лежерно, но откачено ќе биде на цена.
З… Зелена боја на смарагд
Токму една посебна нијанса на зелената боја ќе биде хит оваа година, а тоа е неодоливата боја на смарагдот. На свила најдобро ќе дојде до израз.
Ш… Шешири
Hedi Sliman ја покажа првата колекција за Yves Saint Lauren, а во секоја комбинација беше вклучен и шешир.