Што ќе се случи ако Земјата престане да се врти?

М0жеби се сеќавате на сцената кога Кристофер Рив, во улога на Супермен, ја заврти Земјата наназад, за да се врати во времето и да ја спаси Лоис. Лоша идеја, Супермен, лоша идеја.

Како што се објаснува во видеото на јутјуб каналот Earth Unplugged, кога Земјата би престанала да ротира, се ќе се претвори во хаос.

 

Со букви:

Ако ротацијата запре нагло, последиците ќе бидат катастрофални. Се што не е прицврстено ќе биде исфрлено настрана. Океаните ќе го задржат моментумот и за само една минута ќе се излеат 28 километри во внатрешноста на копното, во вид на џиновски цунами. Ветровите ќе беснеат низ планетата, претворајќи се во силни бури.

Ако Земјата престане да ротира околу својата оска, но продолжи да гравитира околу Сонцето, годината ќе трае исто како и сега, но денот ќе биде долг цела година. Сонцето ќе изгрева на Запад, а ќе заоѓа на Исток. Ќе живееме 6 месеци во ноќ, а потоа ќе бидеме изложени на 6-месечна дневна светлина.

Најдрастичниот ефект е што Земјата буквално ќе ја промени својата форма, а со тоа и копното ќе престане да постои како што го знаеме. Океаните ќе мигрираат кон половите, а зад нив ќе остават огромни површини копно, па ќе се добие еден екваторијален континент и две планетарни мориња.

world_2oceans_1continent_nospinn[1]

Среќа што Супермен е фиктивен лик и нема да има можност да направи ваква огромна глупост… Освен што, брзината на Земјината ротација се намалува баш додека го читате ова. Благодарение на тидалните сили меѓу нашата планета и Месечината, денот расте за 1.4 милисекунда на секои 100 години. Така, за 140 милиони години од сега, денот ќе биде 25 часа долг, исто како што пред 400 милиони години деновите биле толку кратки што годината се состоела од околу 400 деноноќија.

- Реклама -