Што ја убива продуктивноста на работното место?

Многу работи можат да ни ја нарушат концентрацијата на работното место, поради што и нашата продуктивност често се намалува. Погледнете кои ситници ви го одземаат времето на работа и обидете се да ги избегнете.

Постојаното посегнување по грицки

Грицките се како јадлива верзија на интернет. Пречестото посегнување по слатко или солено може да ви ја намали концентрацијата и да ви го одврати вниманието од работите кои можете да ги направите. Ако на досаден или посебно стресен ден лесно посегнувате по грицки, тогаш одлучете се за поздравата варијанта како бадеми, боровница или диња. Со ваквиот избор ќе ги смирите нервите, но и ќе ја сочувате линијата.

bored-at-work_big

Допишување со пријателите

Со добрите пријатели можете да се слушнете и видите и после работното време, а доколку е во прашање некоја особено важна порака, вашиот пријател ќе ве побара на телефон. Во секоја друга ситуација, додека сте на работното место, пораката може да почека.

Проблеми во врската

Ова е проблем со кој би требало да се занимавате во сопствениот дом, а не да го носите на работното место. Сепак, доколку сте во добри односи со колегите, можете во текот на паузата за ручек да поразговарате за тоа. Споделувањето на проблемот понекогаш знае да делува терапевтски.

Размислување за годишниот одмор

Не мора да имате организиран пат за да размислувате за истиот. Но, што повеќе работни денови потрошите на „сонување“ за идеалниот одмор, толку помалку обврски ќе завршите. Одморот ни е на сите потребен, па ви предлагаме да го користите како мотивација. Завршете ги вашите обврски квалитетно и потоа уживајте во заслужениот одмор.

- Реклама -