Нанесувањето на карминот значи нанесување на еден куп хемиски соединенија на устата. Дел од нив, и тоа како опасни.
Црвениот пигмент, на пример, најчесто се добива од кошенил буби (инсекти кои живеат на кактусите), така што се варат во амонијак или раствор од натриум карбонат. Мешавината се филтрира, а потоа и се додава калуим алуминиум сулфат.
Тоа е само дел од „тајните“ на карминот кои протекоа во јавноста откако еден хемичар реши да открие кои се всушност главните компоненти на овој козметички препарат.
Зелената боја, сјајот и постојаноста, од друга страна, се добиваат со помош на неколку стотини различни хемиски соединенија.
Темно-црвените кармини најчесто содржат хемиска компонента наречена еозин. При нанесување на усните, бојата на карминот се менува – реагира со кожата на усната и се создава темно сина нијанса. Бојата реагира со амино-соединенијата кои се наоѓаат во протеинот на кожата, благодарение на што настанува темно-црвената боја при нанесување. Токму таа реакција е заслужна за долготрајноста на кармин-бојата на устата.
Пигментите обично зафаќаат 5% од вкупниот состав на карминот. За другите бои се користат други пигменти. Титаниум диоксидот (бела смеса) е честа состојка што обично се додава за да би се разредила црвената боја и да би се добила розе нијанса.
Во карминот се додаваат и други соединенија, во мали количини, што му даваат пријатен мирис и ја одржуваат влажноста на усните. Капсаицинот (соединение што се наоѓа во чилито), на пример, лесно ги надразнува усните, правејќи благо да отечат и набабрат, што прави да изгледаат поголеми и попривлечни.
Различните видови восоци и масла го чинат главниот состав на карминот. Восокот е клучен за неговата структура и облик. Многу често се користи и пчелин восок и ланолин (супстанца што ја лачат жлездите на овците). Карнауба восокот, кој се добива од листовите на бразлиските палми, пак, прави карминот да е отпорен на сонце и високи температури. Восокот во карминот, покрај тоа што ги поврзува другите состојки, е заслужен и за сјајноста. Маслата, како што е рицинусовото, зафаќаат 65% од составот на карминот, а нивната улога е да го направат мек за да може да лизга по усните.
Последниве години, расте загриженоста во врска со присутните траги од тешки метали во карминот. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, покажува дека дури 32 брендови на кармин содржат мали количини на олово, алуминиум, хром и манган, количини кои преку усните влегуваат во организмот. Сепак, ако се суди по резултатите, за кои патем праксата покажува дека често се манупулирани, во зависност од тоа кој ги спроведува анализите, количините на тешките метали во карминот не се опасни по здравјето. Паралелно, многу од производителите ги преземаат сите можни мерки за да нема олово во нивите кармини.