Што говори обликот на носот за вас?

Носот е едно од нештата кои први ги забележуваме кај луѓето, па зошто не би знаеле и какви луѓе, каков нос имаат.

Широк нос

Луѓето кои се занимаваат со анализа и карактеристики, според обликот на човековото тело, велат дека широкиот нос е карактеристика на родените лидери, попрецизно, тоа е силна одлика на личност која не е премногу темпераментна. Обично овие луѓе се одмерени, не носат избрзани одлуки и имаат влијание на другите луѓе.

 Рамен нос

Рамниот нос е гордост на луѓето со развиени организациски вештини и добро е да ги имате покрај себе, особено во кризни времиња бидејќи не паничат, емоциите ги задржуваат за себе и размислуваат логично, а на работа се многу ефикасни.

Прцлест нос

Прцлест нос имаат оптимистичните, љубезните одоби кои се грижливи и сакаат да пружаат љубов и им помагаат на другите. Сакаат да експериментираат, прилично се отворени за сексуални авантури.

Закривен нос

Закривениот нос е карактеристика на луѓето кои самите создаваат свој пат низ животот и никогаш не следат други луѓе, бунтовни се и не бараат одобрување од околината. Не им е грижа тоа што луѓето зборуваат за нив и цврсто стојат зад своите убедувања.

Заоблен нос

Заоблениот нос се наоѓа на лицето на луѓето кои брзо мислат и делуваат, но се мудри и одмерени. Тие се грижливи и верни партнери, па добро е да ги имате крај себе.

- Реклама -