Деца од целиот свет – од Лондон до Дамаск беа прашани дали знаат што е војна.
Прочитајте ги нивните одговори.
Четиригодишната Ејла Зечевиќ – Џон од Лондон вели дека никогаш не слушнала за такво нешто. Сепак, нејзиниот постар брат Луис го знае одговорот.
„ Војна е кога една земја се тепа со друга земја“, вели збунето седумгодишното дете од Лондон.
Од друга страна, малиот Сава кој е негов врсник верува дека војната е „она кога луѓето само сакаат да се убиваат едни со други“. Осумгодишната Кејти од Вашингтон, САД успеа да пронајде нешто добро во дефинирање во војната. Таа рече дека кога некоја земја се бори истата „добива одредени работи кои и се потребни“.
Сепак, децата од воено погодените Дамаск и Сирија очигледно многу добро знаат што е војната.
„Војна? Тоа е уништување. Страдав за време на војната. Не можете ни да спиете, ни да излезете на улица. Гледате мртви старци, жени, млади и деца“, одговорија младите Сиријци.
Антон, тригодишно дете кое ја почувствувало исто војната на своја кожа ги повикува луѓето да се смират.
„ Војна е кога се пука, а јас сум исплашен“, вели малиот Антон.