Уште една слика се шири со страшно брзо темпо по Интернет. Овојпат се работи за деформирано куче. На едни им паѓа жал, други се чудат, трети се обидуваат да откријат што ли била таа катастрофа што направила да изгледа вака.
Можеби вие знаете?
Читнете подолу…
*
*
*
*
*
Мал дел од вас веднаш видоа за што се работи и дека е просто како грав. И нема да веруваат дека другиве виделе нешто сосема друго. Но за повеќето, сликава е толку тешка за дешифрирање на прв поглед, што ја споделуваат за да ги помачат и нивните пријатели. Патем, и ние ве сметаме за наши пријатели, затоа сакавме да ве помачиме. Баш сме awww, нели?
Како и да е, се работи за само обична илузија. Кучето на сликата е превртено. Толку.
Откако ќе го увидите тоа, во сликата веќе нема ништо мистериозно. Ама додека тоа да се случи, кај многумина (како и кај нас) мозокот ќе глуми идиот и ќе нé убедува дека кучето на сликата нема лево уво, а носот на муцката му е всушност потечено/подуено око.