Што да се прави ако ве „удри“ сончаница?

Сончаницата е сериозна здравствена состојба која настанува како резултат на изложеноста на главата, особено тилот, на висока температура и влијание на сончева топлина. Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, потиштеност, црвенило на лицето и телесна температура над 38.9 степени. Подоцна може да се јави и зуење во ушите, проблеми со видот и омалаксаност, а може да дојде и до несвестица. Знаеме дека треба да се чуваме од летното сонце, но корисно е и да знаеме како да реагираме ако дојде до немарност и се случи сончаница.

1. Пред сé, засолнете се некаде под сенка, на разладено место. Отстранете ја сета вишок облека: чорапите, чевлите, капата; сé со цел да го забрзате разладувањето. Добар потег е и студен туш или када полна вода. Ставете мокра крпа или пешкир на задниот дел на вратот, препоните и/или под пазувите. По можност попрскајте се со вода или разладете се пред вентилатор, дури и ако веќе сте се покриле со мокар пешкир.

2. Легнете. Една од можните последици на сончаницата е и несвестица, па важно е што побрзо да легнете. Ако лицето се онесвести, веднаш свртете го да лежи на левата страна (таму се наоѓа срцето, па циркулацијата побрзо ќе проработи), подвивајќи ја десната нога заради баланс.
86185383_1[1]
3. Надоместете ја загубената течност, но не пребрзо. Напијте се солена вода (1 лажичка сол на децилитар вода). Тоа ќе ја сузбие дехидрацијата и губитокот на сол како последица на потењето. Ако немате солена вода, ќе заврши работа и обичната, со тоа што не смеете да ја пиете пребрзо, бидејќи така ризикувате да доживеете шок. Исто така, наспроти популарното мислење, лицето со сончаница не смее да се разладува со алкохол. Алкохолот пребрзо ќе го разлади телото, што пак води кон опасни флуктуации на телесната температура.

4. Останете мирни. Лицето со сончаница може да подлегне на паника, а за да не се случи тоа, најдобар начин е бавно и длабоко дишење. Чувството на вознемиреност само ќе го забрза пумпањето крв, што дополнително ја покачува температурата на телото. Докторите препорачуваат лесна масажа на мускулите, со која ќе ја поттикнете циркулацијата на крвта. Патем, грчевите во мускулите, особено во листовите, се уште еден од раните симптоми на сончаницата.

5. Зависно од интензитетот и траењето на симптомите, повикајте итна помош. Ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото траат подолго од 60-тина минути, ова е најдоброто решение. Во случај на сончаница, не смеете да земате аспирин или било какви други лекови на своја рака. Тоа само може да ја влоши состојбата.

- Реклама -