Високите температури и влажноста во воздухот во летните денови придонесуваат кон размножување на бактериите во храната, а нејчесто се труеме со една од овие три вида бактерии – салмонела, стафилокока и клостридија…
Иако најчесто по самиот мирис или изглед ја препознаваме храната која што може да ни создаде проблеми, топлината е погодна за размножување на штетните микроорганизми и расипување на храната, па важно е да знаете како да спречите, а доколку дојде до труење – како да се лечите.
Гореспоменатите бактерии се задржуваат во намирниците што се чувствителни на топлина: месо, млечни производи, јајца, но и овошје, зеленчук и вода. Најчести симптоми на труење со храна се мачнини, повраќање, грчеви, пролив, понекогаш и грозница и температура.
Во помали облици, труењето поминува без примена на лекови, тогаш е најважно да ја надокнадите течноста која е загубена од проливот и повраќањето. Водата, солената супа или чај, особено од камилица и шипка, ќе го смири желудникот, а ќе ви снадби потребна течност и загубени електрони и минерали. Двопекот е добар избор за иритираниот желудник после повраќање. Ако во столицата има крв или проблемите траат повеќе од една седмица, а температурата подолго од два дена, треба да се обратите на доктор.