Што ако целата светска популација живееше во еден град?

fzrrpj5wo8rltk0rldxw[1]Еве една мисловна вежба: Што ако целото светско население живееше во еден град? Како би изгледал тој град? Колку голем би бил? Или колку мал можеме да го направиме? Дали е воопшто возможно?

Според RealLifeLore, може да собере 7.4 милијарди луѓе во град голем колку Палестина. Да, целиот свет во така мало место. Како излегува математиката? Според калкулации од реалниот свет. Во Хонгконг постоеше место што се викаше Kowloon Walled City, и беше најгусто населеното место на Земјата. Ако го растегнеме населението од тој град на површина од квадратен километар, во него би имало 1.2 милиони луѓе. Користејќи го тоа како репер за одговорот на погорните прашања, испаѓа дека целото светско население може да живее во Палестина.

Во остатокот од видеото се зборува и за други густо наелени места на Земјата, како Сингапур, Манила, Њујорк, Мумбаи и други, и го користи нивното населени за да провери колку би требало да биде голем градот со таква густина. Сé на сé, забавна ментална гимнастика.

- Реклама -