ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

Околу 30 уметници од земјава и од странство учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, што од 22 јуни до 6 јули ќе се одржува во Вевчани. На настанот се и избраните млади таленти од Конкурсот за млади сликари 2024, што го распишаа Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Свеченото отворање на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“ се одржа на 22 јуни каде што присуствуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица, заедно со други претставници од Банката. Г-ѓа Ефимија Угриноска Кукоска, организаторка на колонијата, изјави дека и годинава се потврдува разноликоста на талентираните уметници од целиот свет што ќе учествуваат на колонијата, а додаде и дека колонијата „Вевчански видувања“ во изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан, кој поттикнува креативност, соработка и културна размена.
По завршувањето на колонијата, Шпаркасе Банка ќе организира хуманитарен настан, на кој сликите на младите уметници ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Шпаркасе Банка, според својата стратегија за корпоративна општествена одговорност „Sparkasse Life“, е посветена на промовирање на младите креативци, негувајќи ја нивната визија за идните уметнички стандарди.

Извор