Следејќи ги светските трендови и реалните распродажби, Рамстор Мол организирајќи ја акцијата Гараж сејл во целост ги задоволи потребите на пазарот за купување на вистински попуст акции.
Првиот ден од големата распродажба во Рамстор Мол е вистински сведок дека македонскиот народ е жеден за поинакви шопинг доживувања. Трговскиот центар кој оваа година по втор пат го организира настанот Гараж Сејл кој нуди попуст на производи до 85% вчера беше преполн со луѓе кои брзаа да го искористат неверојатното намалување во брендовите на Рамстор Мол.
Пораката “Правиме чистка вадиме се надвор” беше доволна мотивација за потрошувачите да се упатат кон трговскиот и да купуваат на огромни попусти со најниски цени.
Во текот на вчерашниот ден ретко кој посетител на Рамстор Мол си замина незадоволен и со празни раце. Голем беше бројот на посетителите кои задоволно коментираа дека со многу мал буџет успеале да се подноват од глава до пети.
Покрај шопинг лудилото, големо внимание привлече и бендот Eye Cue во чиј настап уживаа присутните во трговскиот.
Големите попусти продолжуваат и денес, а ќе траат се до 27.08.2014 година.
Погледнете во продолжение дел од атмосферата.