Германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека светот се соочува со долготрајна војна во Украина по руската инвазија во февруари 2022 година, велејќи дека Германија треба да биде подготвена да продолжи да му помага на Киев до 2025 година.
– Затоа, доколку е потребно и другите се повлечат, ние мора да можеме да дадеме уште поголем придонес, истакна германскиот канцелар во услови кога неговата земја се соочува со буџетска криза.
Шолц денеска изјави дека е уверен дека неговата влада ќе најде добро решение за буџетската криза предизвикана од судската одлука минатиот месец и вети пред членовите на неговата централно-левичарска партија дека нема да има распад на „социјалната држава“.
Лидерите на трипартиската коалиција на Шолц се расправаат за пари откако највисокиот суд во Германија ја укина одлуката за пренасочување на 60 милијарди евра првично наменети за ублажување на ефектите од пандемијата „Ковид-19“ кон мерките за помош во борбата против климатските промени и модернизација на земјата.