Шолц: Германија нема да прекине со давањето воена помош на Украина

Германија нема да прекине со давањето воена помош на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во воената база во близина на градот Тодендорф.

На овој начин тој се обиде да ги отфрли стравувањата дека Берлин може да го разочара Киев поради домашната буџетска криза и медиумските извештаи за замрзнување на новата германска воена помош.

„Германската поддршка за Украина нема да престане. Постигнавме договори за одбрана и обезбедивме финансии навреме за Украина да продолжи целосно да се потпира на нас во иднина“, рече Шолц.

Прочитајте и:  Русија предупредува: Западот ќе добие „ислучително болен“ одговор
- Реклама -