Шојгу: Украина планира напади на руска територија со HIMARS и Storm Shadow, тоа ќе значи целосно вклучување на САД и В. Британија

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, на денешниот состанок на одборот на министерството, изјави дека командата на украинските вооружени сили планира да изврши удари врз руска територија, вклучително и на Крим, со ракетите Химарс (HIMARS) и Сторм Шадоу (Storm Shadow).

Највисокиот руски воен функционер нагласи дека употребата на западно оружје надвор од зоната на специјални воени операции ќе предизвика итни руски напади врз центрите за одлучување во Украина. Тој додаде дека таквиот потег ќе значи целосно вклучување на САД и Обединетото Кралство во конфликтот, пренесува руската агенција Тас.

Шојгу, исто така, објави дека украинскиот режим ја продолжува својата контраофанзива јужно од Доњецк и во областите Запорожје и Доњецк. Тој тврди дека Украинците ги ангажирале своите елитни единици обучени од НАТО, но и дека користат големи количества оружје што го добивале од Запад.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

„Од 4 јуни, украинската армија изврши 263 напади врз позициите на руските војници. Благодарение на компетентните, несебични акции на нашите единици, сите беа одбиени, а непријателот не ги постигна целите“, рече тој.

Извор: МИА

- Реклама -