Шмихал и Хабек разговарале за дополнително оданочување на стоките од Русија

Премиерот на Украина Денис Шмихал денеска на својот Телеграм канал објави дека на средбата со германскиот вицеканцелар, сојузниот министер за економија и заштита на климата Роберт Хабек во Берлин, била изразена поддршка за механизмот за воведување дополнително оданочување на стоките од Русија и пренасочување на тие средства за обнова на Украина.

– Хабек повика на натамошно зајакнување на санкциите против Русија, особено кога станува збор за руските суровини и енергетски ресурси. Тој исто така им предложи на германските партнери да поддржат механизам за воведување дополнително оданочување на руските стоки со цел тие средства да се насочат за обнова на Украина, напиша тој.

Украинскиот премиер претходно денеска разговараше и со германскиот канцелар Олаф Шолц за билатералната соработка, развој на заедничко воено производство и праведен и траен мир.

Прочитајте и:  Онлајн препукување меѓу Зеленски и Орбан поради телефонскиот разговор со Путин
- Реклама -